Лепа Брена призна дека успева да се одмори само на јахта.
Брена цело лето настапува како и сите нејзини колешки, а сега откри дека кога одмара повеќе сака да биде на својата јахта, отколку во хотели.
– Не можам да се одморам во хотели, не сакам да се шминкам, да носам чанти, штикли. Ја сакам дивината, каде што нема гужва, прекумерна музика, а само мир. Претежно тоа е на јахта, крстариме малку, пловиме. Никогаш не сум се одморила толку добро како кога одиме на крстарење. Сакам читање, медитација, малку јога, пливање, пешачење, лесна храна. Медитеранскиот дух – откри Брена за Телеграф рс.
Фото:Принтскрин/Зоран Илиќ/Рингиер