По подолга медиумска пауза, фолкерката Селма Бајрами се појави во емисијата „Амиџи шоу“ на Пинк и призна дека извесно време не била на сцената поради лични проблеми.
Сè уште живее блиску до Виена, а медиумската илегала ја започнала поради долготрајната борба за старателството над нејзиниот син.
– Живеам во Виена, поточно четири километри од Виена. Таму сум од 2017 година. Живеев во Виена неколку години, по мојот развод… Причината што се повлеков од медиумите беше тоа што сакав да се посветам на моето физичко и ментално здравје, за да имам сила да продолжам да се борам за мојот син. Последниве осум години се борам за старателство и се надевам дека конечно ќе заврши, се како што треба – изјави Селма со грутка во грлото и потоа додала:
– Не би сакала многу да навлегувам во таа тема, сакам да зборувам за убави работи, енинствено само да му објаснам на народот. Намалив со појавување во јавност, бидејќи сум личност која секогаш излегува во јавност со причина. Ја промовирав песната, а во меѓувреме се случија некои работи па решив да се повлечам… Еве ме, пак сум тука – најави Селма, а публиката ја поддржа со овации.
За потсетување, откако Селма во 2015 година поднесе тужба за развод од сопругот Мујо Мусиќ, тој поднесе тужба за старателство над неговиот син Дарис, а правната битка се уште трае.
Фото:Принтскрин/Инстгарам/Тв Пинк