Бранка Соврлиќ и нејзиниот сопруг изградија вистинска империја, а за неа велат дека е најбогатата личност на естрадата. Бранка еднаш зборуваше за големото богатство што го има таа и нејзиниот сопруг.
– Наследив нешто од моите родители, а и мојот сопруг наследи многу бидејќи потекнуваше од богато семејство, татко му беше доктор на науки, патуваше по светот. Знаеш, кога имаш стан и куќа овде, стануваш милионер. Тоа ме нервира. Отсекогаш ми се допаѓаше стилски мебел, па го купив. Економична сум – рекла пејачката, а потоа додала:
-Кога бевме млади имавме желба да имаме куќа или стан, сега го имам сето тоа и се што сакам е заедно да бидеме здрави. Сите пари на светот се за џабе, гледате колку пејачи изгубивме – изјави таа претходно.
Пејачката на млада возраст го изгубила бебето, а после тоа не успеала повторно да забремени и да се реализира како мајка.
-Тоа беше најлошиот период, требаше да имам деца, но морав да работам. Бев во странство и го изгубив моето бебе, а после тоа не успеа. Едноставно не успеа, иако и двајцата сме здрави, но едноставно не успеа. Велат, не дај Боже, но за среќа имам внуци и деца од брат ми, кој почина пред 3 години. Тоа е најголемата рана во мојот живот, а тие се како моите деца – искрена е пејачката.
Фото: printskrin/instagram/branka_sovrlic