Ѓоковиќ во неделата се бореше за својата 24. Грен слем титула и осма титула на Вимблдон, а ова е прво финале за Алкараз на најпрестижниот тениски турнир во светот.
Неговиот полуфинален меч го следеше Шакира, која пак предизвика жестоки реакции со комбинацијата на облека. Имено, на официјалниот профил на турнирот на Инстаграм започна дискусија дали нејзиното модно издание одговара за Вимблдон.
View this post on Instagram
Шакира за полуфиналето избра облека од линијата MO5CH1NO Jeans на модната куќа Москино. Под откопчаната кошула со тексас дезен носеше соодветен краток топ, а се одлучи и за макси здолниште со истиот дезен.
Својата комбинација ја комплетираше со платнени патики со предимензиониран ѓон и бела чанта од модната куќа Mugler.
– Ја сакам, но таа треба да знае за кодексот на облекување, тоа е Вимблдон, мора да се почитува, стоеше во еден коментатор на Инстаграм.
– Сосема несоодветна комбинација за овој настан, несоодветна за кралската ложа, некој друг би бил исфрлен од теренот за оваа облека, се само дел од негативните коментари за изданието на Шакира.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм