Радио Милева жив срам?

Моника Јовановска – македонската учесничка во „Задруга“ ја шокираше јавноста со Инстаграм објава: „Ќе ги објавам сите политичари што ми праќаат непристојни предлози и недолични фотографии“ (ФОТО)

Моника Јовановска – македонската учесничка во „Задруга“ ја шокираше јавноста со Инстаграм објава: „Ќе ги објавам сите политичари што ми праќаат непристојни предлози и недолични фотографии“ (ФОТО)

Моника Јовановска, јавноста ја запозна како уште една македонска ученичка во најгледаното ријалити „Задруга“, поточно во неговата петта сезона.

Нешто подоцна дознавме дека е и една од најдобрите другарки на  фолк пејачката од Битола со скопска адреса на живеење, Марија Луиса Тодоровска.

Во „Задруга“ Моника можеби беше малку повеќе во сенка на ултраскандалозните старлети како  Миљана Кулиќ, Далила Драгојевиќ, Сандра Решиќ, Дениз Дејм, со која патем беа блиски, како и останатите ријалити ѕвезди од кои не можеше до крај да дојде до израз.

Неодамна ријалити дамата и самата во едно свое интервју обзнани дека би отворила сопствена „Only fans“ страница за возрасни.

„Јас поддржувам се што е во границите на нормалата и ги бодрам девојките кој се креатори на OnlyFans страницата за возрасни,  зошто и тоа е легитимна работа како и секоја друга каде што земаш плата. Кога станува збор за тоа дали јас би отворила OnlyFans страница секако дека би го направила тоа доколку ги задоволи моите финансиски апетити“ – кажа Моника.

Но затоа надвор од реалното шоу, Моника по се’ изгледа и тоа како им ги зголемува апетитите на мажите и тоа дури и на оние од нај високиот политички врв… Очигледно контроверзната убавица и самата знае да предизвика лудница… Барем на социјалните мрежи, како што тоа и го направи со една од последните објави на своите Инстаграм приказни.

Имено, Моника преку својот профил на Инстаграм се закани дека ќе ги објави сите политичари кои ѝ пишуваат незгодни пораки и ѝ праќаат разни понуди во вид на непристојни предлози и недолични фотографии и… Какви уште не, „вирални перверзии“.

Таа во своето „стори“ објави дека поедини политичари ѝ нуделе пари, вечери, автомобили, дека ѝ праќале фотографии (веројатно интимни), „кули и градови… – како што самата вели, а истите се срам за Македонија.

„Овие нормалниве луѓе ги објавувам затоа што е смешно, ама овие некои од политичариве што ми даваат понуди, праќаат слики, пари, вечери, кули и градови за една вечер со нив како јас да сум којзнае што, наскоро ќе ги објавам со слики и скриншоти… Зашто мислат дека се многу паметни и дека со пари можат се да направат. Жив срам за Македонија” – објавила Моника.

Што се однесува до нејзиниот моментален љубовен статус вели: „Имам страствена „летна“ авантура, но ќе видиме што ќе се случи понатаму, уште е прерано да кажам нешто повеќe“.

Кој е среќникот во чии прегратки разменува страсти и воздишки и дали наскоро ќе бидеме сведоци на политичко-сексуален ријалити мегаскандал во Македонија? Сепак, оттогаш мина доста време, а она што го ветуваше и  кажуваше, Моника до ден денешен  никако и да го покаже и докаже!

Фото: Инстаграм принтскрин/monnaa.jo

 

To top