Многумина од скопските кругови ја познаваат и од претходно, но пошироката јавност Моника Јовановска ја запозна по учеството во најгледаното регионално шоу „Задруга“, како една од ретките Македонки кои во ова ријалити успеала да учествува.
Нешто подоцна дознавме дека е и најдобра другарка на „македонската Северина“, фолк пејачката од Битола со скопска адреса, Марија Луиса Тодоровска со која летово и заедно летуваа, а се шпекулираше дека и заедно можат да се појават и во новата, шеста сезона на „Задруга“?!
Иако во „Задруга“ за правење глупости и изводење „бесни глисти“ конкуренцијата е голема, па до „пет минути слава“ тешко се доаѓа, надвор од реалното шоу, очигледно контроверзната убавица и самата знае да предизвика лудница… Барем на социјалните мрежи, како што тоа и го направи неодамна со една од последните објави на своите Инстаграм приказни, каде Моника се закани дека ќе ги објави сите политичари кои ѝ пишуваат незгодни пораки и ѝ праќаат разни понуди во вид на непристојни предлози и недолични фотографии и… Какви уште не, „вирални перверзии“.
До сега заканата македонската ријалити убавица не ја остварила,што не значи дека истото не би го направила, ако „нападните политичари“ не ги смират старстите и зауздаат нивото на тестостеронот.
Затоа пак Моника Јовановска прифати да седне на „жешкиот двосед“ кај Стефан Лазаров и вирално да одговара на сите незгодни прашања во врска со себе, својот живот, своите потреби и навики, сексуалните афинитети, желби и можности…
Што прави кога ќе замине заедно со другарка во тоалетот на кафулето?
Дали големината може да ја исплаши?
Дали после секс со момче, споделува детали со другарките?
Дали и е незгодно да пр*не пред некој што и се допаѓа?
Што и поминува низ глава кога некој ќе и прати фотографија од половиот орган?
Какви момчиња девојките сакаат – атлетскиградени или со стомак?
Дали некогаш користела секс играчки?
Колку пати неделно е доволно да се има секс?
Дали еротска долна облека носи со намера?
Дали кога пијана им ѕвони на бившите е искрена?
И уште многу други нешта кои само најблиските другарки и поинекое момче ги знаат за неа, Моника искрено и отворено „и ги сервираше“ на јавноста, одговарајќи на незгодни прашања со згодни одговори, од кои понекој можеби ќе ве вџаши и остави со очи ширум отворени и падната вилица до колена.
Или како што самата Моника повикувајќи на своите Инстаграм приказни да го гледаат видеото, порача:
„Да им покажеме на ‘светициве’ како тоа се прави, зашто од нив на ред не можеме да стигнеме“!
Фото: Принтскрин Јутјуб и Инстаграм/ monnikajovanovska