Естрадниот забавен ТВ магазин „Бекстејџ“ поради состојбата со коронавирусот ја започна кампањата #Бекстејџседидома, со кои ја прилагодија и адаптираа својата програма и содржини во новосоздадените услови на карантин и домашна изолација!
Во рамки на неа, прв гостин беше Жаре – Бербер со лајв вклучувањето на Инстаграм, а вчеравечер друштво на Јасмина Филиповска и правеа естрадно-љубовната двојка: Антониа Гиговска и Иван Јованов.
Лајвот почна во закажаното време, а сите фанови имаа можност да се вклучат во живо, да ги прашаат она што сакаат Иван и Антониа, но и да ги слушнат како пеат во живо, во домашни услови.
Антониа и Иван беа во релаксирано и опуштено издание, а имаа доста да поприкажат во резервираниот термин. Зборуваа за приватноста, музиката, што прават по дома во време на пандемијата, но открија и неочкувани момети.
Па така, за време на случувањето на МАC наградите во Белград, каде беа Антониа и Иван, таму ја сретнале Калиопи која на Антониа и пласкала со тоа што и кажала дека посакувала годинава Антониа да не претставува на Евровизија, откри Иван.
-Се сретнавме на МАC, Калопи и кажа на Антониа дека очекувала после две нејзини евровизиски инскуства како придружен вокал, дека годинава таа ќе биде нашата претставничка, кажа Иван горд за коментарот кој го добила неговата сакана од Калиопи.
Инаку, вечерва во #Бекстејџседидома во живо ќе се вклучи уредничката Ева Јакимовска која за видеогостин ќе го има раперот Таско, додека во петок „естрадниот карантин“ е резервиран за водителката Николина Нина Славковска и композиторот, продуцент и пејач Роберт Билбилов.