Милутин Мрка Мркоњиќ ужива во љубовната врска со Ана Бекута, иако се уште законски се во брак со сопругата Драгана Мркоњиќ.
Екипата на „Папарацо лов“ го улови Мрка како го поминува времето со Драгана.
Имено, Мрка и неговата сопруга биле во шопинг и носеле заштитни медицински маски поради пандемијата со коронавирусот.Двајцата носеле ќеси и мирно пазарувале.
„Секогаш бев верен на своето семејство. Познато е дека сум во добри односи и со сопругата Драгана иако одамна не живееме заедно. Се слушаме речиси секојдневно и помагам колку што можам. Сė може да се реши мирно и цивилизирано. Сė што имам ќе го оставам на жените, јас немам ништо“ изјави тој во една прилика за курир.рс