Кристина Дениќ постигна извонреден успех во „Ѕвездите на Гранд“, а по ова музичко натпреварување дури и пееше во групата “Министерки” наместо Едита Арадиновиќ. Верните следбеници на “Ѕвездите на Гранд” покрај неа, го забележаа и нејзиното момче, кој од година во година, ја поддржуваше зад сцената за време на секој нејзин настап во ова регионално музичко талент шоу.
Сепак, љубовта преку ноќ исчезна, откако пејачката беше фатена во прељуба.
Имено, сопственичката на хитот “Прешкртан” се појави на фотографија на социјалните мрежи на која е сликана како се бакнува со манекенот Владо Стојиќ, со што го означи дефинитивниот распад на долготрајната врска.
Следбениците на Кристина и посакаа среќа, надевајќи се дека овој пат љубовта ќе и опстои!