Радио Милева поврзани

Молчел поради неговиот полубрат Михајло: Вонбрачниот син на покојниот Шабан Шаулиќ ја откри долгочуваната тајна на татка си

Молчел поради неговиот полубрат Михајло: Вонбрачниот син на покојниот Шабан Шаулиќ ја откри долгочуваната тајна на татка си

Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ, Роберт Шаулиќ речиси никогаш не дава изјави за медиумите, но пред неколку години направи преседан. Имено, на погребот на татко му тој стоел настрана не сакајќи да им пријде на сестрите и на Гоца бидејќи знаел дека тоа нема да им се допадне.

Меѓутоа, како што пишува Свет, тој во капелата му пришол на својот помал брат Михајло и силно го гушнал додека и двајцата лееле солзи.

-Го запознав брат ми Михајло на концертот на татко ми во Калемегдан, каде ме покани да дојдам да се дружиме. Михајло трчаше наоколу и во еден момент кога му реков: „Тато, да те прашам…“, Михајло збунето го праша Шабан: „Како те вика тато?“ Тој момент ќе го паметам цел живот!

Таткото потоа ги прегрнал двајцата и нежно му рекол на Михајло: „Како што сум ти татко, таков сум и за него, само што немаш иста мајка“. „Никогаш не смееш да кажеш на мами Гоца дека си го запознал брат ти, а тоа е нашата тајна што мораме да ја чуваме“ – со солзи во очите рекол Роберт.

Смета дека Михајло навистина молчел сите овие години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mihajlo Saulic (@saulicmihajlo)

– И навистина, Михајло сиве овие години молчеше. Можеби и до ден денес ништо не и кажал на Гоца. Подоцна го прашав татко ми кога се гледавме дали Михајло и кажал тајна на Гордана, тој ми рече дека никогаш не кажал ни збор. После тоа, ги видов само брат ми и сестра ми во капелата на погребот на нашиот татко.

Шабан Шаулиќ го добил Роберт кога имал 18 години и за него плаќал алиментација до неговото полнолетство, што го потврдил тогашниот менаџер на пејачот.

Фото: Владимир Спорчиќ/Филип Плавчиќ/ Немања Николиќ/ДАМИР ДЕРВИШАГИЌ

To top