Радио Милева среќна славеничка

„Мојот совршен подарок и најголем благослов“ – Мими Нуне со полни раце и блажена насмевка покажа со што најмногу се гордее (фото)

„Мојот совршен подарок и најголем благослов“ – Мими Нуне со полни раце и блажена насмевка покажа со што најмногу се гордее (фото)

Денот на кој некои му се радуваат повеќе некои помалку, сепак е специјален, убав и посебен наш ден кога славиме роденден.

Честитките кои го полнат електронското сандаче со „Најсреќен нека е“ се дел од славеничката атмофера, а виртуелните прегратки и букети станаа нормални и задолжителни.

Но, полните раце во домашното опкружување пејачката Мими Нуне на нејзиниот роденден кој го славеше  вчера ја направија малку побогата и далеку посреќна од вообичаено.

Брачната музичка двојка, Мими и Филип Нуневски неодамна станаа родители за првпат, а пејачката Мими на свет донесе живо и здраво машко бебе кое го доби името Никола.

Веста  тогаш ја објави гордиот татко кој веднаш се пофали со првите фотографии како го држи наследникот во рацете.

Сега за прв пат, конечно и Мими по повод нејзиниот роденден ги објави првите заеднички фотографи од неа и синчето.

„Мојот совршен подарок и најголем благослов“  – напиша славеничката која гордо позираше со тортата, Никола и нејзиниот сопруг музичарот Филип Нуневски.

Прегратката е најдобриот подарок се разбира, а од своите најблиски и најтопла.

Среќен роденден!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мими Нуне

 

To top