Пејачката Радмила Манојловиќ често истакнува дека повеќе е за природниот изглед, па вели дека нема намера да оди на некоја естетска корекција.
„Јас и кога ќе се соблечам имам што да покажам“, вели Рада, а на прашањето зошто не ги послуша советите на колешките и не стави силикони, таа вели:
„Тие многу се грижат за мене. Се шегувам. Кога гледаш некој гледаш што би променил кај таа личност. Но, јас сум на себе сум добра и ваква. Со силиконите би ја пореметила оваа нејзина совршеност. Би го пореметила ова што веќе ми е дадено. Ако почне да не е добро, да паѓа, тогаш ќе поправиме“, вели пејачката.
Иако многу нејзини колеги се жалат на финансиите бидејќи не работеа една година поради коронавирусот, пејачката вели дека не седела и не се жалела на својата судбина.
„Различно размислувам за парите. Јас живеам поразично, не размислувам за утре бидејќи сум оптимист“, вели таа.
„Никогаш не правам нешто што не е рационално. Во врската немаме расправии и кавги. Единствено нешто околу што се расправаме се филмовите, е тука немаме ист вкус. Се пронајдвоме и не би можела да функционирам во оваа врска ако имав турбуленции. Мене ми треба мир и нежност, а не кавги и љубомора“, вели Рада.
Рада веќе неколку години е во врска со својот колега Харис Берковиќ кој на социјалните мрежи знае да објави фотографии и да го покаже своето згодно тело.
Манојловиќ вели дека не и пречат таквите објави.
„Не.Мора да се види тој раскош. Зошто да не. Тој има што да покаже“, додава Рада.
фото: Инстаграм