Познатите често организираат наградни игри на своите профили на социјалните мрежи. Сега, се појави таква што наводно ја направила пејачката Марија Шерифовиќ, но таа рече дека станува збор за измама.
Имено, Марија ги извести своите следбеници на Инстаграм да не стануваат жртви на никакви известувања доколку добиваат од нејзиниот профил.
Таа истакна дека нема никаква врска со споменатата наградна игра и дека нејзиниот правен тим веќе работи на решавање на овој случај, бидејќи нејзиното име било злоупотребено.
„Почитувани луѓе, добив голем број пораки во врска со одредена наградна игра што наводно ја организирам, во која им делам пари на победниците. Ова е апсолутна невистина. Немам и нема да организирам ниту една наградна игра од ваков вид. Ве молам пријавете ја на Фејсбук / “Инстаграм. Мојот тим на адвокати работи со властите за расветлување на случајот. Ви благодарам однапред. Ве молам, не паѓајте на такви работи”, гласи објаватана Марија на Инстаграм.