Во регионалните музички шоуа „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“ имаме прилика често да видиме македонските кандидати.
Некои од нив првпат се појавуваат на музичката сцена во „Гранд“, а некои си го исполнија сонот.
Имено, во последната емисија на „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 57 годишната Соња Муличкоска од Прилеп.
Соња има завршено Училиште за моден креатор, а со појавувњето на музичката сцена е и исполнување на сонот.
Имено, Соња настапи со песната „Да будемо ночас заједно “ од Весна Змијанац.
Жирито имаше пофални зборови и за стајлингот и за пеењето на прилепчанката.
Целиот настап погледнете го видеото подолу.