Модните критичари се согласуваат дека Џенифер Лопез ретко има модни испади, а често е и совршено стилизирана.
Џенифер толку често избира чевли со високи потпетици и се чини дека воопшто не ѝ е проблем да оди во нив. Сепак, ќе испадне дека и популарната „Џени од блокот“ има свои денови, кога сака само да се чувствува лежерно.
По меден месец во Италија каде ја прославија втората венчавка, Џенифер Лопез и Бен Афлек се вратија на американско тло.
Младенците викендов уживаа во Малибу каде беа видени во модерни комбинации, а акцентот беше на белата боја.
Додека Бен носеше бела кошула и крем панталони, латино дивата се одлучи за бохо макси фустан. И покрај женствениот модел на фустанот, целото внимание го украде по малку несреќниот избор на обувки.
Заедно со препознатливата чанта „Book“ на брендот Диор, комбинацијата ја заокружи со гломазни, црвени влечки Адидас и според бројните модни критичари доживеа моден неуспех. Како ви се допаѓа оваа комбинација?
фото:Profimedia