Постои една поговорока која вели: „Каде и да си, за Бадник дома да си“, но не само за „Бадник“ туку домот ни е омиленото место каде се чувствуваме најубаво, најудобно, најслободно. Така каде и одиме секогаш ни е најубаво кога ќе се вратиме дома.
Периодов поради пандемијата и короната, сите сме во своите куќи, станови, апартмани и времето го поминуваме со најблиските, семејството.
Албанската пејачка Аделина Тахири времето го поминува со својот сопруг и синот, а таа често е активна на социјалните мрежи и сподели фотографии од своите активности.
Овој пат, Тахири на социјалните мрежи сподели фотографија од својот луксузно уреден дом каде во внатрешноста преовладува белата и златна боја.
Аделина на „Инстаграм“ на своите следебеници им покажа како изгледа нејзината дневна соба каде што преовладува белата боја со златни декорации, а на ѕидовите има уметнички фотографии.
За потсетување, Аделина во 2017 се омажи со адвокатот Серјожа Марков, а 2018 година станаа родители на машко дете.