Тијана Дапчевиќ е меѓу оние познати личности кои се доста активни на социјалните мрежи пред своите следбеници, а и оние кои не се штедат да покажат нешто повеќе од својта приватност.
Тијана периодов доста често на својот профил се вклучува во живо од својта кујна каде ги покажува своите вештини во кулинарството.
Но, овој пат за промена, наместо кујната, Тијана го покажа уредувањето на нејзиниот дом, односно дневниот простор и трепезарискиот дел.
Од приложеното може да се заклучи дека Тијана и нејзините сакани, преферираат впечатливи детали во домот и модерни елементи.
Особено интресна и маркантна е столната ламба која е во фокусот од вниманието. „Доме сладок доме“, „Ми се допаѓа каде живеам“- пишува таа во описот на фото објавта.