Американската пејачка и актерка Шер (74) ги воодушеви фановите кога на социјалните мрежи објави фотографија со нејзината мајка, пензионира кантавторка и поранешната манекенка Георгија Холт.
Имено, Шер на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка како ја прегрнува. Оваа објава предизвика разни реакции на обожавателите, а највпечатливи беа: „Така се прави ботокс“.
Следбениците коментираа дека сакаат да изгледаат како нив на тие години.
Шер никогаш не криеше дека правела неколку корекции на себе. Имено, таа го оперираше носот и градите на почетокот на кариерата, беше на лепосукција…
„Да, имав затегнување на лицето. Кој нема?“ праша пејачката.
Таа неколку пати истакна дека е глупаво да се смее на луѓето кои одат на пластични операции.
„Ако сакам да ставам гради на грвот ќе ставам, тоа е мое тело и мој избор“ изјави во една прилика.
Експертите потврдија дека пејачката го средувала вратот и дека редовно оди на ботокс.