На 29-ти јануари (петок) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ кој ќе ги опфати најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Ќе настапат голем број на првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Македонската опера и балет ги замолува сите присутни да ги почитуваат мерките за заштита, воедно, ги известува сите заинтересирани дека билетите се во строго ограничен број.