Црнката убавица Марија Килибарда, позната по височината и исклучителната смисла за хумор, е родена во Белград на 29 август 1980 година и долго време е позната како една од најубавите и најзгодните водителки во Србија.
Освен љубов и уживање, работата на водителката и овозможи да го стекне својот најдобар пријател Иван Ивановиќ.
Разликата во височината на овие двајца постојано се коментираше, бидејќи Иван важи за низок маж, а Марија за висока жена.
Како што многупати има кажано, себеси не се смета за џин, туку вели дека луѓето околу неа се ниски. Во прилог на тоа говори и фактот што често носи чевли со високи потпетици.
Нејзините родители се витални и згодни луѓе, па генетиката е делумно одговорна за нејзиниот изглед, а делумно и вежбањето.
Инаку, Марија е висока 182 см, а неодамна на своите следбеници на социјалните мрежи им откри нешто интересно.
Марија неодамна објави фотографија со нејзината мајка Жанета и сестрите Јована и Оливера, кои исто така спаѓаат меѓу високите убавици.
„Просек – 180. Мајкини“ – напиша водителката со заедничка фотографија на Инстаграм.
Фото: Инстаграм принтскрин/kilimara