Радио Милева

Многумина го критикуваа стајлингот на Луна Ѓогани за настапите во Македонија, а еве што вели нејзиното момче за тоа

Многумина го критикуваа стајлингот на Луна Ѓогани за настапите во Македонија, а еве што вели нејзиното момче за тоа

Поранешниот учесник во „Задруга“, Марко Миљковиќ вели дека со својата девојка Луна Ѓогани најчесто се кара кога таа е гладна.

„Многу е посмирена во надворешниот свет, таму и недостигаа многу работи. Очекував се и сешто кога ќе излеземе  и се прашував дали коцките ќе се совпаднат. Таа е супер, функционираме одлично. Се случуваат некогаш проблеми кои брзо ги решаваме. Некогаш јас сум нервозен или таа е во ПМС. Таа кога не јаде и е гладна, таа не е своја. Ако е во ПСМ, имам трпение, ако е гладна одиме да јадеме, добро да се најадеме, па потоа зборуваме“ вели Миљковиќ.

фото: Принтксрин/блиц

Марко вели дека понекогаш не му се допаѓа како се облекува неговата девојка.

„Онаа комбинација од Македонија ми е ….Го проголтав тоа некако, но не треба да ги поминува границите. Тоа е сценски настап и треба да биде атрактивна на сцената, но има и граници во облекувањето“ вели Марко.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, Луна своите први настапи ги имаше во Струмица и Кавадарци на кои пееше на плејбек.

To top