Радио Милева

„Многу е тешко“: Никој не очекуваше дека Ким Кардашијан ќе сподели нешто вакво за нејзиниот екс- сопруг и за децата

„Многу е тешко“: Никој не очекуваше дека Ким Кардашијан ќе сподели нешто вакво за нејзиниот екс- сопруг и за децата

Ким Кардашијан одлучи да си ја отвори душата и да раскаже колку и е тешко да се грижи за нивните четири деца со поранешниот сопруг Канје Вест.

Раперот и најпознатата жена на светот го финализираа разводот пред неполн месец, а сега открива каква е динамиката во нејзиниот дом со нејзините четири деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм.

– Дефинитивно многу го заштитив во очите на нашите деца и секогаш ќе го правам тоа, само заради нив. Во мојата куќа моите деца не знаат што се случува зад нашите ѕидови – рекла Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

– Многу е тешко, многу е лошо кога заедно со таков човек одгледуваш деца, изјавила таа.

Ким размислувала за тоа каков е нејзиниот татко Роберт Кардашијан.

– Го имав најдобриот татко на светот. Имам најубави спомени со него и сакам тоа да го имаат моите деца, што подолго. Ако не знаат што е кажано или што се случува, зошто би ја носела таа лоша енергија во нашиот дом? Тоа се тешки работи, со кои треба да се занимаваат возрасните. Тие се уште не се подготвени да се борат со тоа, а кога ќе бидат, ќе имаме сериозен разговор, вели Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ким и Канје го делат старателството над нивните четири деца, при што Ким поминува 80 отсто од своето време со нив, а Канје плаќа 200.000 долари месечно за издршка. Парот се раздели по седум години брак.

фото:Инстаграм

To top