Љубовната приказна на Вељко и Богдана не наликува на ниту една од претходните на досега згодниот син на Цеца Ражнатовиќ. Имено, Вељко важеше за фатален тип, кој беше во бројни врски, се додека не ја запозна Богдана.
Богдана ја забележа прво Анастасија, а потоа Вељко, го освои со своето однесување, нејзината непристапност, што го мотивираше Вељко да вложи дополнителен напор околу неа. По неколку месеци врска, на нејзината рака блесна прстен, а свршувачката помина по традиција.
Љубовната приказна на Вељко и Богдана беше крунисана со брак во 2019 година, а неколку месеци подоцна се роди нивниот прв син Жељко.
View this post on Instagram
Сега Богдана и Вељко возбудено го чекаат раѓањето на нивниот трет син, а малкумина знаат како Богдана всушност го освоила Вељко.
Снаата на Цеца ги откри овие детали во „Цеца шоу“:
– Запознавањето на Вељко беше единствено од самиот почеток, што доведе до неверојатна поврзаност и на крајот до создавање на голема љубов и семејство кое е голем благослов за нас.
Се започна со тоа што го одбив, бидејќи знаев каков е. Тоа само кај него разбуди поголема желба за мене, подоцна прерасна во голема љубов – изјавила сопругата на Вељко.
фото: Instagram printscreen/ bogdanaraznatoviiic