Минатиот месец, поточно на 27 јуни, на поп пејачот Влатко Лозаноски му беше роденден и наполни 35 години.
Тогаш на негвиот профил на Инстаграм му пристигнаа многу честитки со убави мисли, а за објавените фотографии доби илјадници допаѓања од фановите и пријателите.
За Влатко е познато дека кога приватноста е во прашање, тој е меѓу најрезервираните.
Многу ретко, па речиси никогаш не може да го видиме во друштво на најблиските, саканата (за која е непознато дали сега ја има или не).
Кога јавноста за првпат ја виде неговата мајка, тој пушти срце и и честиташе роденден на својот Фејсбук.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-zena-kako-nea-bezuslovno-go-ljubi-lozano-ja-pokaza-najsakanata-vo-svojot-zivot/
Овој пат во семејството имаа причина за мала интимна прослава по повод пензионирањето на неговиот татко Златко, но сега неговата сестра, писателката Марија Лозаноска и обзнани на јавноста.
„Најстариот во семејството ни се пензионира. Татко ми Златко влезе во еден од поубавите периоди во животот. Долги години да си ја уживаш пензијата!“ –напиша Марија, а потоа се редеа честитките за среќни пензионерски денови.