Калиопи важи за македонска поп дива, па каде и да оди во регионот има армија на фанови кои ги обожаваат нејзините песни.
Меѓутоа, добрата музика нема граници. Па, освен во Македонија и регионот, пејачката има фанови и подалеку. Таа ја освои публиката ширум светот со нејзиното претставување на Евровизија со песната „Црно и бело“.
По нејзината изведба, многумина фанови од разни држави ја отпејаа песната, а еворвизиските фанови повторно бараа Калиопи да се врати на евровизиската сцена.
Овој пат на апликацијата „Тик Ток“ се појави видео на кое младо момче од Америка ја пее „Црно и бело“ на македонски јазик.
Пејачката видеото го сподели на својот „Инстаграм“, а во описот напиша:
-Ова видео од TikTok профилот на овој млад Американец ми дојде пред два дена, благодарение на моите фанови.Толку многу ми се допадна неговата изведба на „Црно и бело“ што ја искористив опцијата дует на неговата објава.Видеото предизвика лавина од лајкови и коментари, кои не ги очекував, бидејќи ретко користам TikTok.Но, гледајќи дека ви се допадна, можеби ќе ја активираме оваа платформа малку повеќе и поинаку. Што се однесува до оваа моја евровизиска песна, уште еднаш покажа дека е планетарна и дека Ромео Грил беше во право, кога во Баку, една недела пред мојот настап на Евровизија, реши да ја испеам целата песна на македонски јазик. Така „Црно и Бело“ стана историја…, напиша Опи во описот.
Инаку, со „Црно и Бело“, Калиопи не претставуваше на Евровизија 2012 година во Баку.
Како звучи кога Американец ја пее „Црно и бело“ погледнете во видеото подолу.
View this post on Instagram
фото: Инстаграм/калиопи