Радио Милева Вака 1/2 ДНК се подготвува за концерт...

Млади моми и ергени до две ора вијат… Меѓу нив и Андреј (ДНК) на орото се фатил (ФОТО+ ВИДЕО)

Млади моми и ергени до две ора вијат… Меѓу нив и Андреј (ДНК) на орото се фатил (ФОТО+ ВИДЕО)

Македонското дуо ДНК има навистина богата концертна агенда. нема клуб или дискотека во македонија каде немаат настапувано, а во последно време своите настапи ги лоцираат и надвор од земјава, во дијаспората каде што живеат Македонци.

Следната дестинација им е Швајцарија, каде на 19 мај во Берн заедно со Елена Ристевска ќе имаат заеднички концерт во познатата дискотека „Палма“.

За ваков посебен настап, претстојат посебни подготовки… кондициони! Ар ен би дуото добро знае дека пред светот треба да се претставиме во најдобро светло, па покрај вокалните, треба да се покажат и танчерските способности. Играњето и скокањето по сцената бара  вишок  енергија, а тоа пак бара вишок време за вежбање…

Итриот Андереј смисли како да го спои убавото со корисното. Ем да ги испочитува домаќините кај што требаша да оди на гости, ем кондиционо добро да се подготви за да биде фит и во топ форма за „нашите Швајцарци“!

На сред село сајзер  свири, а млади моми и ергени до две ора вијат…Оздол иде батко Андреј, засукал мустаќи, право трга на орото и он да се фати…  А откако се фати, никако не се пушта… Накривил качкет, па везе ли везе, од ситно поситно…

Ем  домаќините ќефлии, ем Андрејчо полн кондиција и знаење… Зашто секоја нова кореографија, може да биде корисна… за кај нашите „Швајцарци“! Ма, само нека е весело!

&

To top