Мегафон
македонски таленти

Младата и талентирана пејачка Тамара Грујевска ќе учествува на најголемиот фестивал “Golden Stars Rain” во Русија

Младата и талентирана пејачка Тамара Грујевска ќе учествува на најголемиот фестивал “Golden Stars Rain” во Русија

Тамара Грујевска е двојче на 11 годишна возраст од Гостивар која потекнува од музичко семејство и важи за талентирана млада пејачка, која со својот неверојатен глас го привлече вниманието на македонската јавност.

Ученичка е во основното музичко училиште “Енвер Стафаи” од Гостивар  и во музичкото училиште кај Андријана Јаневска отсек- популарни светски жанрови.

Тамара пее од 5 годишна возраст и е сериозен светски талент, учесник на повеќе интернационални детски музички фестивали, каде што постигна најголеми успеси и при тоа добива покани за учество на најпрестижните интернационални фестивали и натпревари ширум светот.

Од досегашното учество  на Фестивали ги издвојуваме Фестивал -“Јаболчиња” со седум свои песни во период од  2015-2019.”Златно Славејче” 2017 год.но и многу телевизиски настапи на МРТ и повеќе национални ТВ канали.Има освоено повеќе награди, најпрвин на интернационалниот Фестивал “Езерски бисери” во  Струга ќе го освои I место Лауреат од прв степен.

На интернационалниот Фестивал “Ѕвездички”  – Прилеп освоена е највисока Grand Prix награда. Исто така на интернационалниот Фестивал Little Shells Нови Сад – Србија ќе ја освои највисока Grand Prix  награда-Победник во сите категории со нејзината песна “Музиката во мене има дом” за кој има и видео запис.

Нејзин идол е Whitney Houston, но и повеќе популарни светски пејачки како што се Celine Dion, Jenifer Hudson, Demi Lovato, Beyonce,Ariana Grande,како и  популарните македонски пејачки Андријана Јаневска,Тамара Тодевска, Калиопи и Александра Јанева.

Следен настап на Тамара е на најголемиот сестивал “Golden Stars Rain” во Владимир во Русија кој важи за еден од најдобрите и најквалитетни фестивали во светот. Со големо задоволство ја прифати поканата од организаторите на фестивалот да ја претстави Македонија со две песни. Верува дека успешно ќе ја претстави Македонија и во иднина ветува многу настапи, фестивали, натпревари, насекаде во светот.

Планира и нови песни и спотови, а желба и е да ја претставува Македонија на детскиот Евросонг и се надева дека еден ден ќе стане позната музичка ѕвезда. Тамара има глас со кој допрва ќе се гордее Македонија.