Радио Милева позира

Млада мајка во мини бикини: Хелена Топаловиќ се соблече месец и половина по породувањето (фото)

Млада мајка во мини бикини: Хелена Топаловиќ се соблече месец и половина по породувањето (фото)

Атрактивната Хелена Топаловиќ се породи на самиот почеток на минатиот месец и на свет донесе мало девојче, кое го нарече Доминика. Само месец и половина по породувањето, младата мајка се соблече во бикини и го покажа своето затегнато тело.

Хелена на својот Инстаграм профил покажа фотографија со наследничката која е направена на базен во луксузна вила.

Зелениот костим кој има исечок на колковите дополнително го откри нејзиното тело. Хелена во раце ја држела својата наследничка Доминика му позира за својот сопруг.

Неодамна таткото на Хелена, Милан Топаловиќ Топалко откри дека Хелена започнала приватен бизнис.

– Одсекогаш била способна на работа, далеку е пред мене, јас сум неспособен за работа, јас сум пејач и многу е важно пејачот да е способен за работа за да направи голема кариера, јас сум  за тоа дибидус, признавам… – почнал Топалко, па додал:

– Таа е многу способна, може да работи неколку различни работи истовремено, сите работи што јас не можам да ги работам. Сето тоа го прави во договор со сопругот и многу убаво напредуваат. Издаваат станови во центарот на градот – открил пејачот за „Гранд“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top