Промотер

Мизар од својата „Вечна празнина“ ги извлекоа звуците на нивната – „Небесна тишина“ (АУДИО)

Мизар од својата  „Вечна празнина“ ги извлекоа звуците на нивната – „Небесна тишина“ (АУДИО)

Култната македонска група „Мизар“ кон крајот на минатата година го објави својот нов студиски албум „Вечна празнина“. Албумот премиерно го изведоа во декември 2022 година пред белградската публика, каде на најдобар можен начин и го претставија албумот на јавноста со фантастичен концерт во распродадениот „Дом омладине“.

„Небесна тишина“ е последниот сингл од албумот, песна инспирирана од композицијата „Midnight Summer Dream“ на The Stranglers, според композиторот Горазд Чаповски, „еден од најдобрите бендови во популарната музика“.

Текстуално-вокалната димензија е беспрекорно претставена со длабокиот баритон на Зоран Тортевски, пејач кој моќно и впечатливо го интегрира византиското пеење во музичкото творештво на „Мизар“. „Небесна тишина“ е последна на албумот и навистина моќно го затвора кругот, за што сведочат зборовите на критичарот Маринко Крмпотиќ (Нови лист): „За самиот крај „Мизар“ ја чува „Небесна тишина“, прекрасна песна. на смиреноста, уште едно патување во нематеријалното, астралното и етеричното.“, а неговиот професионален колега Златко Гало (mixer.hr): „Завршната „Небесна тишина“ е, како што сугерира насловот, амбиентална речиси религиски возвишена тема која ги сумира сите карактеристиките на „новиот Мизар“ и албумот“.

Во текот на повеќе од четири децениската активност, единствена константа на бендот е неговиот основач Горазд Чаповски, заедно со актуелниот, совршено координиран состав кој го сочинуваат Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китаноски (бас), Александар Ристовски Принц (електрична гитара) и Георги Божиков (тапани), „Мизар“ покажа дека неговиот креативен бунар е уште многу длабок и дека нивните материјали вреди да се чекаат.

Преслушајте како звучи Мизар кога од својата „Вечна празнина“ ги исфрла звуците на нивната – „Небесна тишина“ (КЛИКНИ ТУКА):

To top