Во прилог на прославата 40 години од постоењето на култната македонска група „Мизар“ и во пресрет на промоцијата на монографијата на бендот напишана од познатиот музички новинар и публицист Тошо Филиповски, закажана да се одржи на 27.03.2022 (недела) во Скопје, во кафе барот „Глуво куче” од 18:00 часот, бендот ја реиздаде, односно извади од архивите нивната прва демо снимка. Поточно се работи за т.н. „подрумска“ снимка, тогаш снимена на обичен касетофон во далечната во 1982 година.
Групата „Мизар“ тогаш во својата прва постава: Панта Џамбазоски -тапани, Илија Стојановски-бас, Горазд Чаповски-гитара, Ристо Вртев-вокал ја снимила првата верзија на една од нивните први песни – „Исус“.
40 години подоцна, таа истириска демо снимка ја здогледува виделината на денот. Како тогаш звучеша бендот на своите подрумски проби, слушнете во продолжение.