Промотер

Митевски и Дац старата добра „Марина“ ја прекрстија во Ангелина, па музички ја пелцуваа со – „Вакцина“ (ВИДЕО)

Митевски и Дац старата добра „Марина“ ја прекрстија во Ангелина, па музички ја пелцуваа со – „Вакцина“ (ВИДЕО)

Македонското актерско-музичко дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски, го промовираше своето ново музичко парче насловено „Вакцина“. Се работи за комичен кавер, преработка  на песната „Марина“, големиот италиански и светски хит  од 1959 година на тогаш мегапопуларниот  Роко Граната.

Текстот е на Александар Митевски и Драган Спасов. Во придружба се дувачкиот состав „Брастет“, Војче Петрушев (хармоника), Илија Филиповски (виолина) и Боби Јоргушески (пијано).

“На денешен ден, 24 април лани, ја промовиравме „Корона чао“ и токму на годишнината од оваа песна ви подаруваме нова. „Вакцина“ е кавер на светски познатата „Марина“, во придружба на нашите музички пријатели, направена за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов. Благодарност до нашата публика која е цело време со нас во целиот пандемиски период, а ние продолжуваме да и возвраќаме со многу љубов, позитивна енергија и насмевки”, велат Дац и Александар.

Останува да видиме дали и „Вакцина“ како „Корона чао“ ќе го „пецне“ сега веќе бившиот бугарски премиер Бојко Борисов, кој мака мачи да состави нова влада.

To top