Промотер

Митевски и Дац ја нацртаа својата музичка – „Слика“ (ВИДЕО)

Митевски и Дац  ја нацртаа својата музичка – „Слика“ (ВИДЕО)

Популарното музичко дуо, составено од актерот Драган Спасов – Дац и кантавторот Александар Митевски  неодамна на својата фан-страна ја промовираа новата музичка „Слика” која е создадена со нивните пријатели – музичари и визуелизирана со видеоспот. Тие последниов период исполнуваа “карантински” преработки на познати хитови, евергрини и свои песни, заедно со гости пријатели и по маратонски 54 изведби во период од два месеци, сега повторно ги израдува своите фанови со нова авторска музичка тема и видео.

„Драга наша публико, бевме со вас во целиот карантински период, ви пеевме, ве забавувавме, снимавме, слушавте, гледавте, пеевте со нас. Сè со цел да шириме позитивна енергија и љубов и да ви ги направиме деновите полесни. Во тој период, некаде на почетокот на април, во ситните часови, во карантин и на полна месечина, се роди една песна во која веруваме сите ќе се пронајдат. Ве оставаме да уживате во оваа наша нова љубовна приказна“ – вели популарното македонско дуо.

Новото видео заедно во реализација на „Пикадо креатив колектив“ и екипа музичари тие го снимија во „новопосадената“ зелената градина на покривот на ГТЦ Скопје, а атмосфера наликува на онаа од подобропознатиот ни „полициски час”.

Погледнете го нивното ново видео  за „Слика” со како што самите Александар и Дац умеат да кажат, „песна откината од душата и срцето”: