Промотер

Митевски, Дац и Благој Нацоски со порака на солидарност и љубов во новата македонско-италијанска верзија на – „Уште ми фалиш / Mi manchi ancora“ (ВИДЕО)

Митевски, Дац и Благој Нацоски со порака на солидарност и љубов во новата македонско-италијанска верзија на – „Уште ми фалиш / Mi manchi ancora“ (ВИДЕО)

Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, музичко актерското дуо кое ја воскресна и продолжи нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини, на својата макфестовска тема „Уште ми фалиш“ и деновиве и дадоа нова димензија.

Поттикнати од корона пандемијата која го погоди целиот свет, но во Европа најмногу Шпанија и Италија, двајцата уметници решија истата песна да ја надополнат со уште еден вокал. Овој пат оперскиот глас на нашиот со нашиот еминентен тенор Благој Нацоски кој живее и работи во Џенова, Италија.

Тројцата одново заедно ја отпеаја  „Уште ми фалиш“ на македонски и италијански како порака на солидарност и љубов во овие тешки времиња низ кои минува светот, па и македонскиот и италијанскиот народ, претворајќи ја песната во безвременска, песна за сите генерации.

Како звучи сега, вака отпеана песната чии стихови се своевидна ретропективна на животот и  младоста, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа… без оглед кои сме и што сме, колку сме познати или успешни, исполнети и реализирани личности, на кои животот и премрежјата што ги носи времето во вака тешки мигови, подеднакво ни се закануваат на сите.

Слушнете и погледнете ја новата македонско-италијанска верзија на „Уште ми фалиш“ или „Mi manchi ancora“…