Во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ учествуваше и 24 годишниот Мите Стоилков од Скопје.
Тој во првиот круг пред жирито се претстави со песните „Брод у боци“ од Оливер Драгојевиќ и „Ти и ја“ од Жељко Васиќ.
Уште во текот на првата изведба Мите доби пет гласа односно од Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Дарко Лазиќ кој беше гост – ментор во жирито.
Меѓутоа, ова не е првпат Мите да учествува во ваков вид на натпреварување, тој победи во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“.
„Добредојде. Ова е доказ дека ова е многу сериозно натпреварување. Оној кој ќе го помине ова училиште, тој навистина останува…„Пинкови ѕвезди“ се добар маркетинг, но во „Ѕвездите на Гранд“ се прават ѕвезди“ изјави Карлеуша која го потврди својот глас.
И останатите членови на жирито го потврдија својот глас, но Мите за свој ментор ја одбра Вики Миљковиќ. Оваа негова одлука ја шокираше Јеца која едвај издража да не смее.
„Јас секојпат се шокирам кога некој ќе ја одбере Вики“ изјави Карлеуша, а Вики на тоа не молчеше и одговори:
„Ти само се шокирај, тоа е добро кога ти ќе се шокираш“ изјави Миљковиќ.
Како Вики и нејзиниот тим ќе го подготват Мите за следниот круг останува да почекаме до јануари.
Во продлжение погледнете го неговиот настап на 32:33.