Во саботното издание на „Ѕведите на Гранд“, настапуваше и Мите Стоилков од Скопје кој беше под менторство на Вики Миљковиќ.
Мите во вториот круг се претстави со песните „Мајко“ од Гуру Харе и Аки Рахимовски и песната „По тебе“ од Тоше Проески.
Снежана Ѓуришиќ која е дел од продуцентското жири прокоментира дека Мите одбрал тешка песна, а Вики истакна дека се наежила од изведбата.
Мите ги доби сите гласови од жирито и директно помина во следниот круг на музичкото шоу.
По завршувањето на неговите интерпретации, Јелена Карлеуша довикуваше:
„Мите, ние те сакаме, Мите ние те сакаме“.
И Снежана имаше пофални зборови за Македонецот:
„Дојде подготвен, браво“.
Позитивни коментари за Мите имаше и Драган Стојковиќ Босанац кој истакна дека македонскиот кандидат добро се претставил и пеел многу убаво.
Марија Шерифовиќ не го штедеше Македонецот и позитивно го прокоментира неговото пеење, но му даде и еден совет.
„Добро пееш, сигурен си, знаеш да се однесуваш на сцена. Убаво бирај ја програмата, што ќе пееш, биди мудар, овде не е лесно да се победи“ изјави пејачката.
Настапот на Мите може да го погледнете во видеото подолу на 24:26.
За потсетување, Стоилков победи во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“.