Неодамна во српските медиуми се појавија шпекулации дека некогашната лото девојка и ТВ водителка Сузана Манчиќ се разведува од грчкиот бизнисмен, но очигледно дека тоа беа само празни муабети, а таа е подготвена за бракот да даде и жртва.
Сузана, која е во брак со грчкиот банкар Симеон, откри зошто не се преселила таму и живее во Белград.
-Тешко е да се трансплантираат корените во овие години. Да бев помлада, веројатно ќе бев таму. Сепак, Србија е моја земја, а Белград е мој град. Одам во Атина веќе 20 години, имам пријатели таму, мојот сопруг. Љубов моја. Но, сепак ќе бидам на линијата Атина – Белград и од мене и понатаму ќе живеат фини авиокомпании – истакна Сузана во емисијата „Ас кај единаесет“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Сузана неодамна наполни 64 години и го прослави својот роденден во пижами во нејзиниот дом.