Радио Милева „перика и ладна - трајна, ондулирана...“

Мисицата и бившиот сопруг со нова визура – Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со афро фризура: Кој кого копира или кому подобро му стои? (ФОТО)

Мисицата и бившиот сопруг со нова визура – Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со афро фризура: Кој кого копира или кому подобро му стои? (ФОТО)

Промените во животот судејќи по многу нешта се неопходни. Тие прават луѓето да се чувствуваат како нови, како да почнуваат од почеток, како да отвораат некое ново поглавје, вртат нова страница… Промените на изгледот се исто така дел од нашето секојдневие, а ним особено им се склони дамите.  Различна гардероба, обувки, накит, шминка и секеко, промените на фризурата се она нешто што секојдневно ја менува визурата на припадничките на понежниот пол, за да бидат што поубави, позгодни, посексапилни, поатрактивни и попривлечни… особено за спротивниот пол.

Промените ја разбиваат монотонијата, а ја стимулираат самодовербата, па затоа и македонската мисица, манекенка, модел, пејачка… Кристина Димитриевска, реши меѓудругото да направи на себе драстична промена во изгледот на косата. Новата фризура и дава  сосема поинаква и поразлична визура од онаа што сме навикнале да ја гледаме.

Со кратка, собрана и навиткана во локни и кадрици што и пааат преку челото, Кристина направо смела промена, па својот нов лик го сподели на социјалните мрежи. Веројатно за да провери и слушне мислење како и стои, како изгледа со новата фризура и дали таа „и лежи“?

Седната на подот, во поза со подраширени нозе, со чаша топло кафе в рака и исплазен јазик, со селфи за проверка дали новиот афро-имиџ и е по мерка, Кристина им порача на своите претенденти:   „Ми се допаѓа моето кафе како што се сакам себеси: силно, слатко и премногу жешко за тебе“.

И ништо чудно или необично во новата промена на мисицата и пејачка, ќе речат многумина… Но, само оние кои не го виделе новиот имиџ на нејзиниот бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски. А тој со нова фризура, иста како нејзината… Или поточно таа, како неговата. Само нејзината руса, а неговата катран црна коса.

И мисицата и бившиот сопруг со нова визура…Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со „афро фризура“!

До душа нејзината „трајна-ладна – ондулирана“, а неговата само перика, монтирана со цел и намера, за еден од неговите настапи во едно од најпознатите белградски кабареа!

И сега ако се запрашате кој кого копира, нема логика, зашто „афро-имиџот“ случјно им се поклопил, а и намената му е сосема различна.

А тоа, кому подобро му стои новата визура со „афро-фризура“, заклучете самите… Сепак, различни се вкусовите, а и афинитетите! Зависи, кој по што е!

Фото: Инстаграм принтскрин/daniel_kajmakoski/kristina.dimitry

 

To top