Пејачот Мишо Ковач е примен во болница поради нарушено здравје. Како што потврдила неговата ќерка Ивана, станува збор за висока температура.
„Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некакви потешкотии како него, треба да одат во болница… Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура“ – изјави Ивана Ковач.
Инаку, Мишо Ковач имаше крајно бурен живот. Имено, пејачот по смртта на синот Еди долго време не можел да дојде на себе. Се обиде да си го одеме животот пукајќи си во срцето, но за среќа преживеа, па се разведе од долгогодишната сопруга. На крајот, тој најде мир со Силвија Конте Калви Марковиќ, астролог 30 години помлада од него. Таа, тврдеше дека го одвикнала од седативи и му го спасила животот.
Пејачот сношти со возило на брза помош заврши во КБЦ Сплит, а моментално е на пулмолошкиот оддел. Во кусиот телефонски разговор за медиумите Ивана звучела многу смирено и ги уверила новинарите дека состојбата не е згрижувачка.
Фото: Инстаграм/ivanakovacofficial