Лице в Лице

Миро Кацаров од „Златниот тепих“ директно на „Жешко столче“: Од ‘Бекстејџ’ си заминав зашто од некој што е пилот на авион сакаа да ме сведат на шофер на комбе!“ (ВИДЕО)

Миро Кацаров од „Златниот тепих“ директно на „Жешко столче“: Од  ‘Бекстејџ’ си заминав зашто од некој што е пилот на авион сакаа да ме сведат на шофер на комбе!“ (ВИДЕО)

Роден штипјанец, кој веќе две децении живее и работи во македонската престолнина. Пошироката јавност го запозна уште на самите почетоци како водител и новинар на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ во кој беше една од алките на првата екипа. Подоцна замина, за одново да им се врати по нивниот “ривајвал“, каде со Миа Костова беа главните ТВ ликови во ТВ магазинот „од зад сцената“.

Но, не издржа долго и овој пат, па желбата за сопствена продукција и своја емисија очигледно беше посилна од „излог на ТВ магазинот“  да се биде само „уште една цигла во Бекстејџ ѕидот“, па Мирослав Кацаров или како што сите го знаат како Миро си замина и набргу застана пред камерите на сопствениот „Златен тепих“ – емисијата која како една од ретките од естрадно – забавен карактер и со такви содржини и ден денес оди во македонскиот телевизиски етер.

За „штипјанчето“ во Скопје, за заканите, растежите и падовите во кариерата, за тоа кого никогаш не би поканил во емисија и кој  има одбиено да му гостува, дали и колку тазе сопругата Ивана му го сменила животот, како и каде ја запознал, како ја прифатил нејзината ќеркичка од првиот брак која со нив живее и дали работи на семејна принова, за свадбената забава која несомнено била гала, ама дали и „гага“… Како и за многу други помалку познати или сосема незнаени нешта,  Миро ја отвора душата пред камерата на Никола Трпковски и неговите „жешки прашања“ на „Жешко-то столче“.

Што се’ кажа Миро Кацаров, кого се’ прозва и во какво беше ставен искушение, проследете од видото во продолжение:

To top