Жирито во „Ѕвездите на Гранд“ се ментори на кандидатите кои ги одберат, па освен пејачите тие имаат и цел тим околу себе.
Претходната година кога во жирито беше Јелена Карлеуша, пејачката соработуваше со Ивана Петерс и Мира Шкориќ. Во новата сезона на музичкото шоу, наместо Јелена во жирито е Цеца Ражнатовиќ.
Пред некој ден, пејачката откри дека во нејзиниот тим ќе биде и Ивана Петерс. Цеца истакна дека ја одбра Ивана бидејќи е одличен вокал и ја обожава приватно.
Оваа одлука на Ражнатовиќ сега ја прокоментира и некогашната пријателка на Цеца, Мира Шкориќ. Цеца и Мира некогаш беа добри пријателки а денес не зборуваат.
„Па, тоа е совршено…Ивана е моја пријателка, таа е прекрасен ментор, прекрасен пејач. Работевме со Ивана во тимот на Јелена, така да знам како работи и тука нема грешка“ , изјави Мира.
На прашањето дали се слушнале со Ивана и разговарале за соработката со Цеца, пејачката вели:
„Се слушаме редовно, но по повод некои одлуки. Секој си ја работи својата работа“, одговори Шкориќ.
Ивана не се слушнала со Јелена, ниту пак разговарале за нејзините нови ангажмани.
„Трансферот“ на Петерс од Јелена кај Цеца се коментира на социјалните мрежи, а по тој повод се огласи и Ивана.
„Јас сум професионалец, Јелена е професионалец, Цеца е профисионалец, овде работата е во прашање, нема ништо друго, нема некој зошто да се лути. Секој си ја работи својата работа“, изјави Ивана.
Инаку, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи сака да се посвети на издавање и промоција на нејзиниот албум.
фото: приватна архива/никола томиќ/телеграф/ата имагес/ инстаграм/карлеушастар/З. Муња/Д. Милошевиќ