Пејачката Мира Шкориќ е сигурна дека Врањеш на Карлеуша намерно и ја наместил аферата и вели дека имал среќа што налетал на достоинствена жена. Да била таа на местото на Карлеуша, вели дека лично ќе му пресудела.
„Јелена и во оваа ситуација покажа дека е дама. Стоечки ја издржа целата приказна. Денешната технологија е толку напреден што некој може и од обична слика со монтажата да ти направи секс-скандал. Овој непрокопсаниов, обичен сварен стаорец имал среќа што е Јелена достоинствено. Мена да ми направеше такво нешто, јас би го решила на свој начин. Не би ме интересирале ни судови ни закони“ – вели Мира во еден здив.
“Сите оние кои ликуваа на маката на Јелена, сега можат само да се изедеат живи и да умрат од завист, бидејќи таа е секогаш е посилна. квазипријателите и злобните нема да бидат во можност да се ситат на туѓата несреќа. Естрадата е жариште, извор на големо зло, со должно почитување на неки луѓе кои се вистински личности, ама тие се малку“ – вели Шкориќ.
Исто така, пејачката коментираше дека таа и Јелена небиле во добри односи долго време, но сега тие се одлични пријателки.
„Приватно, отсекогаш знаев дека е лавица“ – заклучила Шкориќ.
Фото: Зорана Јевтиќ/ ЕПА,/Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин