Мина Врбашки сите ги изненади кога објави фотографија на која јасно се гледа дека е бремена, со напумпано трудничко стомаче. Поради различните љубовни афери што ги имаше за време на престојот во релните шоуа, многумина помислија дека Мина навистина е во друга состојба.
По напуштањето на реалното шоу, Мина замина во Црна Гора со семејството, а како што пренесуваат медиумите, таа влегла во врска со непознат маж на црногорскиот брег, но при враќањето во Белград не се пофалила кој успеал да го освои нејзиното срце.
Поради сето овиа, веста за наводната бременост не беше изненадувачка, но сите се прашуваа кој тоа може да биде таткото на детето? Сепак, неколку часа подоцна се откри дека реалноста е всушност малку поинаква.
Поранешниот учесник на втората сезона на „Задруга“, Милан Петковиќ направи видео за својата песна, а една од главните улоги и беше дадена на Мина Врбашки.
Во ова видео, Мина игра бремена жена, а со Милан во снимките се радувале и ја слават добрата вест. Со оглед на тоа што балоните се сини, може да се заклучи дека двајцата очекуваат да станат родители на момче… Ама само на спот, кој наскоро ќе ја здогледа виделината на денот.
Мина и Милан беа едни однајдобрите пријатели за време на учеството во „Задруга“, а Милан дури и посвети песна на Мина за нејзиниот роденден.