ДНК имаат нова песна, овој пат соработка со младата и талентирана Мина Блажев.
Песната е со наслов „Кобра“ и веќе стандардно, кога станува збор за авторскиот тим, е заедничко дело на Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена.
Видеото, пак, е работено во Приштина под режисерската палка на Валон Азири од „Cinegr 8“ продукција.
-Овој пат имаме една убава соработка, нешто сосема поразлично, односно имаме младешка песна со убав ритам која веруваме дека ќе биде вистинско освежување, велат Панчо и Андреј од ДНК.