Мими Јовановска од Велес со својот глас и талент го освои жирито, но и публиката во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Мими во секој круг од музичкото шоу бриљира, а во емисијата каде што пее песна од Каролина Гочева и Уснија Реџепова ги собра сите симпатии од жирито. Овој нејзин настап е еден од најгледаните на Јутуб.
Јовановска неодамна во „Магазин“ истакна дека за музичкото шоу ја пријавила нејзината мајка.
За велешанката музиката не е ништо ново и непознато, таа и пред да се појави во „ЅГ“ се занимаваше со музика, односно свири со „Бендот на браќа Нуне“.
Кога станува збор пак за нејзиниот приватен живот, Мими не сака многу да зборува за него.
Таа е во врска со Филип Нуне со кој е заедно нешто повеќе од 3 години.
Пејачката неодамна во „Магазин“ истакна дека се заедно и дека не сака многу да зборува на таа тема.
На социјалните мрежи Мими и Нуне имаат неколку заеднички фотографии, а еве како изгледа саканиот на Јовановска кој воедно и е најголема поддршка.
Како македонското девојче ќе се подготви за следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме, а дотогаш во продолжение слушнете ја изведбата со која го „распамети“ жирито.