Во третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кандидатката Мими Јовановска од Велес ги освои сите шест гласови од жирито и директно се пласираше во четвртиот круг.
Тогаш таа со својот вокал ги увери ѕрпските ѕвезди во улога на судии, дека пеењето е нејзина силна сррана.
Марија Шерифовиќ и кажа дека пее точно како швајцарски часовник, додека Вики Миљковиќ и рече дека нејзиното пеење е како лек за душа. Но, во своето најново претставување во четвртиот круг, младата 20 годишна велешанка потфрли во изведбите.
Имено, ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, па по се изгледа не и појде одрака да ги изберат вистинските песни кои и одговараат на Мими.
Овој пат таа доби само три гласа, но за среќа се извади поради претходното одлично претставување, па Саша Поповиќ и даде зелена карта за понатаму. Незадоволството на лицето на натпреварувачката беше очигледно, но веројатно оваа ќе и биде дополнителен поттик за следното претставување.
-Уште еден настап во низата на сцената на Гранд. И покрај тоа што не го добив својот максимум, поддршката од вас и овој пат не изостана. Ви благодарам од се срце и ви ветувам дека во следниот круг ќе ги оправдам вашите очекувања, им порача Мими на своите следбеници и поддржувачи.