Задругарката Миљана Кулиќ итно била вратена од Турција, каде што отпатувала за хируршки да го намали стомакот.
Лекарите процениле дека Миљана Кулиќ во овој момент не е подготвена за операција. Се обиделе да ја излечат во Турција, а потоа и рекле дека е најдобро да се врати во Србија додека не биде целосно здрава.
Кулиќ добила бронхитис поради што не била подготвена за операцијата.
– Миљана помина низа прегледи кога дојде во Турција. Ја прегледале кардиолог, пулмолог, оториноларинголог, анестезиолог… Утврдено е дека има бронхитис и воспаление на ушите, и одлучиле дека во овој момент не е подготвена да оди под нож – вели извор близок до Кулиќ.
Во таа прилика се огласи Миљана Кулиќ која рече дека е многу разочарана што мора да се врати, но рече дека не се откажала од операцијата.
– Настинав, добив бронхитис, па не можеа да ми стават анестезија. Добив инфекција на увото, имав температура и докторите рекоа прво да се излечам, па да се вратам. Бев многу разочарана, бев очајна кога требаше да се вратам, но можеби е подобро така. Најважно е се да оди како што треба кога ќе се оперирам – вели Миљана.
Таа открива дека за една или две недели ќе се врати повторно во Турција.
– Повторно одам таму на почетокот на јули. Мислам дека тогаш ќе завршам се. Ќе влезам во следната сезона. До септември дефинитивно ќе ослабам најмалку 20 килограми, а до Нова година ќе бидам како „милион долари“. Потоа ќе правам гала свадба со Бебица – изјави Кулиќ.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Јутјуб