Ријалити ѕвездата Миљана Кулиќ синоќа кратко беше во „Задруга“ па можевме да видиме како изгледа сега. Сепак, оние кои не се загледале тешко дека би ја забележале разликата.
Затоа Миљана е тука да им покаже на сите сет од „некогаш и сега“ фотографии кои покажуваат драстична разлика.
Миљана Кулиќ помина нешто помалку од два месеци во болница по компликациите кои настанаа од операцијата за намалување на желудникот во Турција. Лекарите се бореа за животот на Миљана, а и беше отстранета и слезината.
За среќа, се сè заврши добро, Миљана ја напушти болницата, успешно закрепнува, а сега на обожавателите им покажа како изгледала порано, но и како изгледа сега.
За оние кои велат дека не ослабев, но ќе ослабнам“, рекла Миљана, а фановите ги интересирало колку килограми има сега.
„95 килограми“, одговори Миљана која ослабе 25 килограми и доби голема поддршка од обожавателите кои и порачаа дека изгледа фантастично, но и дека би сакале да и ги намалат усните.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Миљана Кулиќ/Тв Пинк