Радио Милева непозната личност

Милица Тодоровиќ жртва на сајбер измама: Пејачката објави на мрежите и испрати важна порака (фото)

Милица Тодоровиќ жртва на сајбер измама: Пејачката објави на мрежите и испрати важна порака (фото)

Пејачката Милица Тодоровиќ е уште една жртва на сајбер измама.

Непозната личност која се претставува како пејачката на Инстаграм испраќа пораки до нејзините пријатели и следбеници.

Имено, некој отворил профил на споменатата социјална мрежа со нејзино име и презиме и фотографии и тврди дека тоа е официјален профил на Милица и дека стариот е хакиран.

– Можеш ли да ми испратиш нешто затоа што мојот стар профил беше хакиран? – пишува таа во пораката што им ја испраќа на пријателите.

Овие пораки стигнале до Милица, која соопштила што непознатото лице им праќа на пријателите.

„Човеку, кој и да си, престани да им праќаш пораки на моите пријатели“, напиша таа.

Фото: Printskrin/Instagram/milicatodorovicofficial

To top