Радио Милева македонската тинејџерка пак шокираше

Милица Ризо Трајков повторно беше најестравагантна меѓу сите нови „Гранд ѕвезди“: Младата кавадарчанка ги засени сите на „Гранд“ сцената (ФОТО+ВИДЕО)

Милица Ризо Трајков повторно беше најестравагантна меѓу сите нови „Гранд ѕвезди“: Младата кавадарчанка ги засени сите на „Гранд“  сцената (ФОТО+ВИДЕО)

Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци е една од највпечатливите учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ кога станува збор за изборот на сценска гардероба. Така беше досега со секој нејзин нов настап, така беше и беше во вечерното викенд издание на (29.04.2023) на „Ѕвездите на Гранд“ каде сексапилната кавадарчанка повторно беше уникатна и исклучително впечатлива.

„За стајлингот, да бидам искрена, најважно е пред сè да ми се допадне мене. Тој и овојпат беше избран за да се вклопува во песните. Особено за „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша изгледот мораше да биде впечатлив“, вели Милица.

Таа носеше црн комбинезон со една гола ногавица и мрежести хулахопки, каккои голем број златни детали во вид на златна рол крагна околу вратот и златни  еполети на рамениците… Подоцна се појави во долго портокалово здолниште, како и моден детаљ за главата налик на шапка, изработена од мноштво црни пердуви.

„Две седмици пред настапот бев болна и бев на инфузии, инјекции и инхалации. И не го кажувам ова за да се жалам затоа што честопати ми се случува, но мислам дека се исплатеше целиот напор и стрес, затоа што во овој круг сметам дека се претставив навистина солидно“ – вели младарта Македонка и додава:

„Пред да настапам стресот беше голем, но кога излегов на сцената сè помина во најдобар ред. Искрено, не размислував околу гласовите на жирито, туку се фокусирав на пеењето и на настапот. Се радувам што на крај се претставив како што треба и ги добив сите гласови од жирито. Нивните коментари беа одлични, но не значи дека ако имав критики од нив ќе се разочарав. Напротив, критиките ме мотивираат уште повеќе“ – појаснува атрактивната тинејџерка.

„Првата песна ми беше љубовна балада и сметав дека треба да изгледам раскошно и за тоа се погрижи мојот тим, додека во втората песна, за која се одлучивме заедно со мојот ментор Мили, изборот падна на „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша. За неа сметав дека аутфитот требаше да биде сосема поразличен од првата песна и мислам дека тоа беше вистински погодок“ – раскажува Милица.

„За сценскиот настап, барем досега, не сум подготвувала посебна кореографија. Затоа што кореографијата сметам дека ми оди од рака и тоа го правам спонтано на самата сцена. Севкупно сум задоволна од настапот во 4-иот круг и ќе се трудам секој следен настап да бидам вокално и сценски поподготвена и поуверлива“ – вели впечатливата македонска натпреварувачка во “ѕвездите на Гранд“, чиј дел од последниот настап можете да го погледнете подолу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Rizo Trajkov (@milicarizzo)

Фото:Инстаграм принтскрин/ zvezde granda/milicarizzo

To top