Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци и овој пат во натпреварувањето на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, фасцинираше со својот необичен и екстраваганден стајлинг. Опчинети беа сите, но не и жирито, кое и доделли само 4 гласа за вокалното умеење и настапот и грст критики.
Милица ја отпеја „Црно и бело“ од Калиопи и „Слатка мала“ од Јелена Карлеуша, но младата кавадарчанка не ги задоволи до крај нивните критериуми.
Нејзиниот настап прва го коментираше Марија Шерифовиќ која и порача дека за свои 18 години има сериозен потенцијал, но и дека овој пат малку претерала со задачата која што си ја поставила пред себе.
„Ти си храбра девојка и имаш сериозен потенцијал, квалитети и основа. Сепак, мислам дека малку претера во задачата што си ја поставила. Не знам од каде ти е толку изморено вибрато на 18 години? Растегнато како да е 6 часот и 15 минути наутро, а ти 8 часа претходно си пеела свадба“- заклучи Марија.
Ѓорѓе Давид, искрено и порача што е она што му се допаѓа, но и каде и се грешките.
„Песната од Калиопи ти стои, но твоето пејачко знаење е мало и тука мораше на многу елементи да работиш. Обидувајќи се да го достигнеш оној врисок мислам дека доста од тоа продаде во песната и малку фалеше да ги пукне грлото. Тоа те чинеше и во следната песна. Избирај песни што ти стојат, како и во минатиот круг. Она ‘Мотори’, тоа ќе го паметам. Изгледаше како некоја ‘вамп’ европска жена, излезе тука и растури. Одлично! Но ова денес не беше добро“ – и порача рокерот потенцирајќи дека другата кандидатка била подобра.
Цеца Ражнатовиќ и порача дека е полна со енергија и на сцената само што не експлодира. Но и таа сметаше дека песната од Калиопи била претешка за неа, иако навистина дала сé од себе.
По ова се огласи и менторот на македонската учесничка, Александар Милиќ Мили, кој изјави дека за нејзината енергија на сцената не би коментирал, но истовремено ги замоли гледачите на јутјуб да стават коментар дали е тој луд што мисли дека неговата кандидатка заслушува шест гласови?
По шегите на Поповиќ и Шерифовиќ на сметка на Мили за кажаното, Милица Ризо Трајков заради малкуте гласови заврши во бараж, но на крајот сепак успеа да се пласира за во следниот круг.
Како изгледаше нејзиниот настап ( на 2 часа и 25 мин.) и коментарите – погледнете во видеото од целата емисија во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):